Сајтот на „Волстрит џурнал“ нападнат од кинески хакери

Од:

Весникот „Волстрит џурнал“ објави дека неговата интернет страница била нападната од кинески хакери, ден откако „Њујорк тајмс“ се пожали дека четири месеци е предмет на слични напади, јави ДПА.

Издавачот „Дау Џонс енд Ко.“ соопшти дека компјутерските системи на весниците биле цел на напад од кинески хакери, очигледно во обид да ги шпионираат новинарите, кои пишуваат за Кина.

ФБИ веќе една година врши истрага на хакерски напади врз медиумите, додава весникот „Волстрит џурнал“.

Претходно „Њујорк тајмс“ се пожали за напади од кинески хакери, откако весникот објави материјали за богатството на премиерот Вен Џиабао и неговото семејство.

Експерти по кибернетска безбедност откриле докази дека хакерите користат методи, слични на начинот на кој мрежата на весникот била претходно нападната од кинеската армија.

Би можело да ве интересира

Голем хакерски напад во Романија, над 100 здравствени установи останаа без интернет

Кинеските хакери имале пристап до одредена американска инфраструктура најмалку пет години

Кинески хакери нападнале стотици домашни рутери во САД и ги користеле за шпионирање

Хакери го нападнаа српското Електростопанство, украдените податоци ги објавуваат на интернет

А1он

Сајбер напад врз компјутерскиот систем на Меѓународниот кривичен суд во Хаг

Хакери го нападнаа Лас Вегас