САД воведоа санкции за четворица Украинци поврзани со руската ФСБ

Од:

Американското Министерство за финансии соопшти дека лицата против кои се воведени санкции биле вклучени во операциите на руската разузнавачка служба ФСБ за поткопување на украинската Влада и економија.

Лицата, од кои двајца се актуелни членови на Парламентот и двајца поранешни пратеници, „дејствуваат по инструкции на руската Федерална служба за безбедност (ФСБ)“ и се „ангажирани во влијателни активности предводени од руската Влада за дестабилизација на Украина“, соопшти Министерството за Финансии во Вашингтон.

На црната листа се поранешниот заменик-претседател на Советот за национална безбедност и одбрана на Украина, Володимир Сивкович, пратениците од Опозициската платформа – за живот (ОПЈ) Тарас Козак и Олег Волошин и поранешниот пратеник Володимир Олејник.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Лукашенко: Украина ќе престане да постои доколку не се согласи на преговори

Во рускиот напад на регионот Черкаси повредени се шест лица

Стејт департментот официјално ја потврди тајната испорака на ракети со долг дострел на Украина

Бајден го потпиша законот за воена помош за Украина

Горан Наумовски

Руските војници ја уништија работилницата на украинската армија за производство на беспилотни летала

Нова корупциска афера во Украина, осомничен е министер за земјоделство