ВИДЕО: САД успешно ја тестираа балистичката ракета Tридент II

Од:

Американската воена морнарица успешно ја тестираше балистичката ракета Тридент II, што беше истрелана од брегот на Кејп Канаверал во државата Флорида.

Примарна цел на оваа акција беше да се демонстрира подготвеноста на Стратешкиот систем на вооружувањето на морнарицата и екипажот пред оперативното распоредување, по планираниот ремонт на дел од подморницата за полнење гориво, соопшти Интернет страницата на американската морнарица navy.mil.

-Овој тест, како и сличните, ја нагласува нашата подготвеност и способност да донесуваме стратешки одлуки во 21 век, рече адмиралот Томас Иши, директор за глобални операции на вооружените сили на САД.

Ова лансирање ракета над Атлантскиот Океан беше 184 -ти успешен тест на ракетата Тридент II.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Крвав напад со нож во САД, четворица мртви

САД воведоа санкции за ентитети кои наводно им помагале на Хутите и Хезболах

САД бара од Украина да ги запре нападите врз руските рафинерии

(ВИДЕО) Пресметка меѓу мигрантите и Националната гарда на Тексас кај Ел Пасо

ВИДЕО: Американската милјардерка која со Тесла излета во езеро и се удави била пијана

Малолетник убил девојче со 114 убоди од нож, сега му се заканува доживотен затвор

Горан Наумовски