САД тврдат дека руските сателити се однесуваат чудно и почнале да ги следат американските

Од:

Според информации на командата на Вселенските сили, најновиот американски воен оддел, некои руски сателити во последно време почнале да се однесуваат невообичаено и вознемирувачки.

– Минатиот ноември руската Влада лансираше два сателити кои сега активно маневрираат во близина на американскиот државен сателит и се однесуваат слично како сателитите кои Русија ги распореди во 2017 година и кои ги окарактеризира како сателити за инспекција, изјави Џон Рејмонд, командант на американската вселенска команда и командант на Вселенските сили.

САД во декември минатата година ги формираа Вселенските сили, прв нов воен оддел од 1947 година, а администрацијата на Трамп за нив (и други вселенски активности), побара 18 милијарди американски долари во рамките на буџетот, јави Си-Ен-Ен.

Иако руското Министерство за одбрана соопшти дека „целта на овој проект е понатамошна проценка на техничката состојба на домашните сателити“, Рејмонд рече дека неодамнешните руски активности „вселенските потфати ги претвориле во воена зона“.

Тој, исто така, истакна дека руските сателити „демонстрирале карактеристики на оружје кога еден од тие сателити во вселената испукал проектил со голема брзина“.

Би можело да ве интересира

Почина еден од пилотите на рускиот воен авион кој се урна во Ставропол

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

Стејт департментот потврди дека ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН во Советот за безбедност

Горан Наумовски

Белата куќа се противи на палестинската државност

Џонсон: Путин ќе продолжи да маршира низ Европа, Балканот може да биде следен

Горан Наумовски

Русија: Водостојот на реката Тобол достигна „опасно ниво“