САД со беспилотни летала ќе му помага на Ирак?

Од:

Американскиот претседател, Барак Обама рече дека на Ирак ќе му биде потребна дополнителна помош од САД, за сузбивање на исламистите кои зазедоа два града.

Тој не наведе за каква помош се работи, туку дека САД се подготвени за секаква опција.

-Имаме улога за обезбедување, со цел исламистите да не добијат трајни позиции ниту во Ирак, ниту во Сирија-рече Обама по разговорот со австралискиот премиер, Тони Абот.

Како што пренесуваат агенциите, високи официјални лица од американската администрација рекле дека САД планираат да испратат беспилотни летала во Ирак, но не и да ги ангажираат своите трупи кои се повлекоа кон крајот на 2011 година.

Ирачкиот премиер Нури ел Малики и други ирачки лидери повеќе од една година, од американската влада бараат помош за сузбивање на бунтот, кој се разгоре со граѓанската војна во соседна Сирија.

Екстремистичкото движење Исламска држава Ирак и Левент, кое што е огранок на Ал Каеда по заземање на два клучни града, во кои претежно живее сунитско население, најави напад на Багдад со чија што влада како што велат имаат „нерасчистени сметки“.

Советот за безбедност при ОН најостро го осуди терористичкиот напад на Мосул, како и сите други напади во Ирак, чија што цел е како што се наведува дестабилизација на државата и регионот.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Едно лице загина откако цистерна со нафта експлодира на автопат во Алабама

САД одделно ќе гласа за помош на Украина и Израел, републиканците на Трамп се закануваат

Спектакуларно бегство на затворен од САД

Први видеа од иранскиот напад на Израел – небото над Блискиот исток празно

Анита Петровска Рајковиќ

САД: Очекуваме Иран да го нападне Израел

САД: Му кажавме на Иран дека не учествуваме во нападот на конзулатот во Дамаск