САД се заканија со запленување на иранската нафта за Венецуела

Од:

Американското правобранителство поднесе барање за заплена на нафтата што со четири ирански танкери се превезува за Венецуела, во најновиот обид на администрацијата на претседателот Доналд Трамп да изврши економски притисок врз двете непријателски држави.

Претседателот на Венецуела, Николас Мадуро минатиот месец се пофали дека иранската нафта веќе е упатена кон Венецуела, сакајќи со тоа да покаже дека не е загрижен за американскиот притисок.

Недостатокот на нафта во Венецуела, инаку, земја производител и членка на ОПЕК, е акутен поради американските санкции.

Мадуро, меѓутоа, досега ги издржа сите притисоци и се уште е на власт, што е извор на фрустрација за Трамп, пренесуваат британските медиуми од анонимни, но добро информирани извори во Вашингтон.

Иран на почетокот на јуни соопшти дека ќе продолжи да испраќа нафта во Венецуела, доколку Каракас побара повеќе испораки и покрај критиките од САД за трговијата меѓу двете земји, кои се под санкции на САД.

-Иран го остварува своето право на слободна трговија со Венецуела и ние сме подготвени да испратиме повеќе бродови доколку Каракас побара повеќе испораки од нас, рече портпаролот на Министерството за надворешни работи, Абас Мусави.

Би можело да ве интересира

Девојче го нашле мртво во голема цевка, мајката очајна го тужи хотелот

ВИДЕО: Крвав напад со нож во САД, четворица мртви

САД воведоа санкции за ентитети кои наводно им помагале на Хутите и Хезболах

САД бара од Украина да ги запре нападите врз руските рафинерии

(ВИДЕО) Пресметка меѓу мигрантите и Националната гарда на Тексас кај Ел Пасо

ВИДЕО: Американската милјардерка која со Тесла излета во езеро и се удави била пијана