САД се за создавање две држави како решение на израелско-палестинскиот конфликт

Од:

За време на телефонскиот разговор меѓу државниот секретар Ентони Блинкен и министерот за надворешни работи на Израел, Габи Ашкенази, Блинкен изјави дека решението на израелско-палестинскиот конфликт врз основа на две држави би било најповолното за иднината на Израел, синоќа соопшти американскиот Стејт департмент.

Во текот на разговорот, Блинкен ја „истакна увереноста на администрацијата на Бајден дека решението за создавање две држави е најдобриот начин да се обезбеди иднина за Израел како еврејска и демократска земја, која живее во мир покрај активна и демократска палестинска држава, истакнаа од Стејт департментот.

Би можело да ве интересира

Студентски бунт во Америка, 100 академици уапсени во Колумбија

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

ВИДЕО: Над 300 тела пронајдени во масовна гробница кај болница во Газа

Израелската полиција уапсила две лица кои со своето возило налетале на тројца пешаци

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

Иран: Немаше ракетен напад, соборивме израелски беспилотни летала

Горан Наумовски