САД се враќаат во воената база во Саудиска Арабија

Од:

САД по деценија и пол повторно испраќаат своја војска и воени ресурси во воздушната база во Саудиска Арабија, а по ескалацијата на тензиите во Персискиот Залив.

Вашингтон, меѓу другото, ќе испрати повеќе од 500 војници, борбени авиони и одбранбени ракетни системи во базата Принц султан, јужно од Ријад.

Оваа база беше седиште на американските воздухопловни сили на Блискиот Исток во 90-те години, но САД ја напуштија по соборувањето на ирачкиот претседател Садам Хусеин во 2003 година.

Пентагон претходно одобри испраќање на американски војници и ресурси во Саудиска Арабија, додавајќи дека тоа се прави со цел да се спречат „непосредните закани“.

Ријад и Вашингтон повеќе недели работеа на договорот и тој не е, како што се наведува, конкретна реакција на иранската заплена на британскиот танкер во Персискиот Залив.

Враќањето на американските воени сили во Саудиска Арабија по 16 години, има воен аспект, но истовремено носи и политички и дипломатски компликации за администрацијата на Доналд Трамп, која критичарите ја обвинуваат за поврзаност со Саудијците по убиството на новинарот Џамал Кашоги.

Би можело да ве интересира

Арамко ги надмина Алибаба и Епл, нафтениот гигант стана највредна компанија во светот

Ана Ололовска

„Убер“ примиле повеќе од 3.000 пријави за сексуален напад во САД во 2018 година

Ана Ололовска

Си-Ен-Ен: Пентагон испраќа неколку илјади војници на Блискиот исток

Ана Ололовска

САД: Во Иран моќно е да има и над илјада жртви во протестите

Ана Ололовска

„Џенерал моторс“ и „Ел-Џи“ во заедничка фабрика ќе произведуваат батерии за електромобили

Џон Кери го поддржа Џо Бајден за претседателски кандидат на демократите