САД се поготвуваат да го обвинат Мадуро за „наркотероризам“

Од:

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп се очекува да ја прогласи Венецуела за држава која го спонзорира тероризмот и ќе покрене обвинение против нејзиниот претседател Николас Мадуро, објави Си Ен Ен.

Со таквиот потег ќе се достигне најниската точка во односите меѓу САД и Венецуела.

Ваквото етикетирање на Венецуела, Вашингтон досега го имаше само за четири други земји – Северна Кореја, Иран, Судан и Сирија, кои „постојано поддржувале акти на меѓународен тероризам“, ќе и овозможи на американската Влада да воведе натамошни построги санкции против управувањето на Мадуро.

Се очекува обвинителите од Министерството за правда на САД да поднесат обвиненија против Мадуро и високи владини претставници, соопштија извори за Си Ен Ен. Засега не е познато за кои конкретни кривични дела се обвинети, но изворите велат дека тие се поврзани со зголемена трговија со дрога, во која Венецуела е дел од тоа криумчарење.

Јавниот обвинител Вилијам Бар се очекува да ги објави квалификациите и обвиненијата на прес-конференција. Портпарол на Министерството за правда одби да коментира, а Си Ен Ен се обрати до Стејт департментот, кој официјално ги означува финансиерите на тероризмот.

САД и многу други држави и меѓународни тела го признаа претседателот на Националното собрание на Венецуела, Хуан Гуаидо за лидер на земјата, а администрацијата на Трамп започна кампања за агресивна економска казна насочена кон соборување на Мадуро од власт.

Би можело да ве интересира

Бајден сепак го помилува својот син Хантер

Предраг Петровиќ

Рјабков: Русија ќе го натера Вашингтон да стресе и да замолчи

Америка потврди: Им дадовме зелено светло, можат да нападнат

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски