САД се подготвуваат за инагурацијата на Бајден: Сите 50 држави во состојба на готовност

Од:

Сите 50 сојузни држави во САД и областа Колумбија викендов се во состојба на готовност поради можни насилни протести на противниците на инаугурацијата на новоизбраниот претседател Џозеф Бајден, што ќе се одржи в среда.

Припадници на Националната гарда од сите делови на земјата веќе се испратени во Вашингтон да обесхрабрат какво било можно повторување на насилството од 6 јануари, кога пет лица беа убиени откако приврзаниците на претседателот во заминување Доналд Трамп влегоа во Конгресот.

ФБИ предупреди дека во главните градови на сите 50 држави може да има маршеви на вооружени приврзаници на Трамп.За движење е затворена Национална алеја во областа Колумбија.

Барикади се кренати должи сите улици во американската престолнина Вашингтон и насекаде има зголемени безбедносни мерки и контроли. Зградата на Конгресот на САД е обезбедена со метални огради.

Покрај Националната гарда, на улиците на Вашингтон е засилено и присуството на полицијата, додека во поширокиот центар на градот најавено е дека ќе бидат затворени најмалку 12 метро станици.

Тимот на Бајден веќе ги повика Американците да избегнуваат патувања во главниот град поради пандемија од Ковид-19.

Се очекува, особено утре, да има протести, бидејќи приврзаниците на Трамп и десничарите преку социјалните мрежи повикаа на протести на 17 јануари и марш во Вашингтон на денот на инаугурацијата.

Пред можните протести гувернерите на Мериленд, Ново Мексико и Јута прогласија вонредна состојба во нивните држави.

Калифорнија, Пенсилванија, Мичиген, Вирџинија, Васингтон и Висконсин ја активираа својата Национална гарда, а Тексас ќе го затвори Конгресот од денес до 20 јануари.

Би можело да ве интересира

Трамп започнува необичен бизнис, а партнер му е познат музичар

Горан Наумовски

Бајден: Да ја заштитиме Украина од месарот Путин

Акциите на медиумската компанија на Доналд Трамп скокнаа за 50 отсто на отворањето на берзата

Горан Наумовски

Трамп би можел да изгуби недвижен имот поради измама

Горан Наумовски

Трамп: Само идиот не би реагирал како Израел на напад на Хамас

„Вашингтон пост“: Трамп веќе влијае на настаните во Украина