САД се обидуваат да ја предвидат следната опасност за човековото здравје по еболата

Од:

Уште пред епидемијата на ебола да биде ставена под контрола, експерти во САД се обидуваат да предвидат каква ќе биде следната опасност по човековото здравје на глобален план.

Директорот на Центарот за превенција и контрола на зарази Том Фридан рече дека итно треба да се проучат реоните во светот, кои ја кријат опасноста од здравствени катастрофи, за да можат властите да реагираат пред инфекциите да прераснат во кризи.

Во почетокот на месецот Владата на претседателот Барак Обама побара 600 милиони долари, за да ја извршува Програмата за глобална безбедност на здравјето.

Таа предвидува „меѓународна коалиција“ од здравствени експерти да помага во земјите во ризик да ги подобрат мерките за пресретнување зарази, за да спречат епидемии.

Би можело да ве интересира

Завршија руско-американските разговори во Истанбул

Шмихал: Украинската влада го одобри потпишувањето на договорот меѓу Украина и САД

„Економист“: Зеленски не планира да потпише економски договор со САД

Маск открива: САД ќе банкротираат

Америка ја поддржува пресудата против Додик

Горан Наумовски

Нов состанок на Русите и Американците утре во Истанбул

Катерина Ѓуровски