САД се наоѓаат во слободен пад, бројот на заразени се зголемува, тврди американски здравствен експерт

Од:

Здравствениот експерт Рошел Валенски денеска за Си-ен-ен изјави дека со неконтролираното ширење на вирусот САД „се наоѓаат во слободен пад“, додека во многу градови болничките капацитети го достигаат максимумот.

-Изминатиот викенд видовме како луѓето не ги земаат здраво за готово предупредувањата на специјалистите, а властите не ги имплементираат основните мерки за заштита како носење маски и физичка дистанца, изјави денеска таа.

Додаде дека со тоа што не постои координиран национален одговор на пандемијата, САД се наоѓаат во слободен пад, додека бројот на забелни може да е десетпати поголем.

-Официјално имаме околу три милиони случај на заразе ни со новиот короновирус, но се претпоставува дека таа бројка е десетпати поголема, изјави Валенски.

За време на празнувањето по повод Денот на независнста, еден од најважните празници во САД, имаше извештаи на групни собирања, забави во базени и на плажи во повеќе летувалишта и градови во земјата.

Сојузните држави како Флорида, Тексас и Калифорнија се најзагрозени, со 10.000 до 12.000 регистрирани дневни случаи во секоја, додека државите како Тенеси, Алабама, Аризона, Северна и Јужна Каролина имаат над 2.000 случаи на заразени дневно во секоја, и бројките се зголемуваат.

Во меѓувреме, во градовите како Остин или Далас, болничките капацитети се пополнуваат постојано со нови пациенти. Градоначалникот на Остин денеска изјави дека во наредните десет денови до две недели, болниците во градот ќе бидат преполни.

Би можело да ве интересира

Холандскиот премиер го прекина одморот поради зголемен број заразени од Ковид-19

А1он

Американскиот епидемиолог Фаучи ќе добие обезбедување, има смртни закани поради пандемијата

А1он

Финска: Влегуваме во втората фаза на епидемијата

А1он

ВИДЕО: Револтирани граѓани пред Инфективната клиника во Тирана бараат информации за нивните блиски

А1он

Во Франција највисок број на заболени од Ковид-19 од крајот на мај

А1он

Лукашенко: Намерно ме заразија со коронавирусот

А1он