САД: Русите ја разнесоа браната, имаме доказ

Од:

Американската влада располага со разузнавачки информации кои ја обвинуваат Русија за уништувањето на џиновската брана во Украина, пишува NBC News, повикувајќи се на двајца американски и еден западен претставник како извори. Администрацијата на претседателот Џо Бајден работеше на декласификација на одредени разузнавачки информации и нивно споделување уште попладнево, објави NBC News.

Воден порој ја проби огромната брана на реката Днепар, која ги дели руските и украинските сили во јужна Украина, потопувајќи ја воената зона и принудувајќи многу жители да избегаат. Украина ја обвини Русија за минирање на браната Нова Каховка, додека Кремљ вели дека Украина ја саботирала браната.

Разнесувањето на браната, исто така, предизвика нова загриженост за нуклеарната централа Запорожје, околу 150 километри од хидроелектраната Каховка на реките Днепар, во регионот Херсон, која обезбедува ладење за нејзините реактори. Електраната и браната се во областа окупирана од руските сили по инвазијата започната на крајот на февруари 2022 година.

Украина ја обвини Русија дека ја разнесе браната за да ја запре нејзината офанзива.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Голем напад на Русија, пожар во магацин за дронови „Шахед“

Катерина Ѓуровски

Захарова: „Имаме докази, вклучени се САД и Велика Британија“

Русите: Ја презедовме контролата

Американец кој се борел како платеник за Украина е осуден на 6 години затвор

ВИДЕО: Напад и пожар во скадиште за нафта на Крим

Катерина Ѓуровски

Русите ги запленија магацините за опрема на НАТО во Угледар

Предраг Петровиќ