САД разгледуваат повлекување на војниците од Западна Африка

Од:

САД планираат да го намалат значително военото присуство во Западна Африка, дури и да се повлечат целосно војниците кои учествуваат во борбата против тероризмот. Тоа го објави Њујорк тајмс повикувајќи се на американски официјални претставници.

Планот претставува напуштање на неодамна изградена база за беспилотни летала вредна 110 милиони долари во Нигер и прекин на помошта за француските сили кои се борат против милитанти во Мали, Нигер и Буркина Фасо.

САД имаат околу 7.000 војници во Африка.

Според весникот, повлекувањето на американските сили од Африка ќе предизвика и планови за намалување на американското воено просуство во Јужна Америка, Ирак и Авганистан. Одлуката на Пентагон се очекува во јануари.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Едно лице загина откако цистерна со нафта експлодира на автопат во Алабама

САД одделно ќе гласа за помош на Украина и Израел, републиканците на Трамп се закануваат

Спектакуларно бегство на затворен од САД

САД: Очекуваме Иран да го нападне Израел

САД: Му кажавме на Иран дека не учествуваме во нападот на конзулатот во Дамаск

Невреме во југоисточниот дел на САД: Едно лице загина, повеќе од 100.000 без струја