САД распишаа награда од пет милиони долари за информација за апсење на двајца руски хакери

Од:

Американскиот Стејт департмент, во соработка со Федералното биро за истраги (ФБИ), синоќа распиша награда од пет милиони долари за информација за апсење на Максим Јакубец и Игор Турашев, руски хакери одговорни за кибер криминал со меѓународни компјутерски и финансиски измами и инсталирање софтвери со вируси на различни компјутери.

Двајцата, едниот од Москва (роден 1987 година), другиот од Јошкар Ола, Република Ел Мари, Русија (роден 1981 година), од судови во Пистбург, Пенсилванија, и во Линколн, Небраска, се обвинети во отсуство за тешки кривични дела извршени во текот на период од повеќе од десет години.

Американското Министерство за правда и британската Национална агенција за криминал (НЦА)покренаа криминални тужби против нив за редица злосторства како завера, компјутерско хакирање, измами со трансфер на пари, банкарски измами со инсталирање на штетните програми „Бугат“ и „Зеус“, преку кои се хакирале лични и бизнис онлајн банкарски сметки и се измамувале банки во САД и во други земји а украдените пари потоа се праќале на туѓи сметки во Русија и се изнесувале во странство.

Јакубец, Турашев и други неименувани лица, се товарат за добро разработена шема која се одвивала цела деценија а резултирало во загуби и обиди за загуби во вредност од вкупно стотици милиони долари на поединци и компании низ целиот свет.

ФБИ вети дека на ист начин ќе ги гони сите криминалци кои се закана за јавната безбедност и економската стабилност на САД.

– Се работи за долготрајна истрага на софистициран и добро разработен кибер криминал… Ние работиме, помниме и ќе ги изнесеме сите криминалци пред лицето на правдата каде и да се кријат, изјави Дејвид Боудич, заменик директор на ФБИ.

Како што синоќа соопштија од американското Министерство за правда, распишаната награда од пет милиони долари за информација за апсење на двајцата руски хакери е најголема таква награда понудена за кибер криминал досега.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Крвав напад со нож во САД, четворица мртви

САД воведоа санкции за ентитети кои наводно им помагале на Хутите и Хезболах

Русите спречиле терористички напад: ФСБ уапси три лица

(ВИДЕО) Нова драма во Русија: Евакуиран трговски центар по дојава за експлозивна направа

Катерина Ѓуровски

Објавена снимка од дрон од ужасот и пустошот во Москва

А1он

140 повредени во терористичкиот напад, полесно повредените добиваат амбулантска нега

А1он