САД подготвија втор пакет санкции кон Русијa поради труењето на Скрипал

Од:

САД подготвија втор пакет санкции во врска со хемискиот напад во Солсбери и случајот „Скрипал“, и текстот е испратен кај државниот секретар и претседателот, изјави заменик државниот секретар Андреа Томсон на сослушување во американскиот Сенат, јави дописникот на МИА.

– Направивме анализи за тие санкции, ги подготвивме и ги испративме кај државниот секретар и претседателот, изјави таа пред сенатскиот Комитет за надворешни работи.

Томсон додаде дека оваа одлука е дел од пошироката „руска стратегија“, одговарајќи на прашање од сенатор „зошто санкциите досега не се воведени“.

Во рамките на исполнување на Законот за контрола на хемиско и биолошко оружје од 1991 година, лани во август САД воведоа санкции кон Русија поради случајот со хемискиот напад врз поранешниот агент во руското воено разузнавање Сергеј Скрипал и неговата ќерка Јулија, Нападот се случи лани на 4 март во градот Солсбери, Велика Британија.

Би можело да ве интересира

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина

Студентски бунт во Америка, 100 академици уапсени во Колумбија

Додик отпатува за Русија

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Загинаа двајца полицајци во напад во Русија