САД подготвени на флексибилност, но бараат и Северна Кореја да се ангажира

Од:

САД се подготвени да бидат флексибилни во преговорите чија цел е Северна Кореја да се натера да се откаже од нуклеарната и ракетна програма, но Пјонгјанг мора да се ангажира и да избегнува провокации, изјави американската амбасадорка во ОН Кели Крафт.

– Ние не баравме од Северна Кореја да направи се пред ние да направиме да нешто, рече таа на состанокот на Советот за безбедност на ОН за Северна Кореја.

Таа додаде дека САД се подготвени да бидат флексибилни, но тие не можат сами да го решат овој проблем и оти Северна Кореја мора да се ангажира во тој процес.

Крафт исто така рече дека Советот за безбедност мора да биде подготвен да одговори на какви било провокации од страна на таа земја.

Советот за безбедност се состана на барање на САД во време кога расте меѓународната загриженост дека Пјонгјанг,поради застојот во преговорите за денуклеаризација меѓу Северна Кореја и САД , би можел да продолжи со нуклеарни и проби на ракети со долг дострел кои беа прекинати од 2017 година.

Би можело да ве интересира

Џонсон: Путин ќе продолжи да маршира низ Европа, Балканот може да биде следен

(ВИДЕО) Едно лице загина откако цистерна со нафта експлодира на автопат во Алабама

САД одделно ќе гласа за помош на Украина и Израел, републиканците на Трамп се закануваат

Спектакуларно бегство на затворен од САД

САД: Очекуваме Иран да го нападне Израел

САД: Му кажавме на Иран дека не учествуваме во нападот на конзулатот во Дамаск