САД почнуваат со вакцинација против коронавирусот идната недела

Од:

СAД може да започнат да ги имунизираат првите Американци против коронавирусот со вакцината на Фајзер/БиоНТек уште во понеделник, соопшти министерот за здравство Алекс Азар.

Тој за локалните медиуми посочи дека конечните одлуки се подготвуваат откако стручна комисија ќе препорача да се дозволи вакцината да се аплицира на лица постари од 16 години.

Американската администрација за храна и лекови денеска објави дека го известила фармацевтскиот гигант „Фајзер“ дека ја забрзала постапката за издавање на официјална дозвола за итна употреба на вакцината.

Азар за Еј Би Си изјави дека властите соработуваат со логистичката компанија и дека „можеме да ги вакцинираме луѓето в понеделник-вторник следната недела“.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Крвав напад со нож во САД, четворица мртви

САД воведоа санкции за ентитети кои наводно им помагале на Хутите и Хезболах

Потпишана Декларација за промоција и поддршка на вакцинацијата

Горан Наумовски

САД бара од Украина да ги запре нападите врз руските рафинерии

(ВИДЕО) Пресметка меѓу мигрантите и Националната гарда на Тексас кај Ел Пасо

ВИДЕО: Американската милјардерка која со Тесла излета во езеро и се удави била пијана