САД почнуваат кампања за декриминализација на хомосексуалноста во повеќе земји

Од:

Администрацијата на претседателот Доналд Трамп подготвува глобална кампања за декриминализација на хомосексуланоста во десетина земји каде се уште е противзаконски да се биде хомосексуалец, јави Ен-Би-Си.

– Предизвикува огорченост тоа што во 21 век во повеќе од 70 земји се уште постојат закони кои го криминализираат статусот или однесувањето на представниците од ЛГБТ заедницата, изјави официјално лице кое учествува во кампањата.

Се истакнува дека иницијативата во голем дел е насочена против Иран, кој е „главен геополитички непријател на САД под власт на Трамп“.

Според американската телевизија најверојатен повод за кампањата е неодамнешната смртна казна на млад човек со нетрадиционална сексуална ориентација во Иран.

Иако иницијатор е Вашингон со своите амбасади во Европа, во кампањата треба да се вклучат и Обединети нации, Европска Унија, Организацијата за безбедност и соработка во Европа, како и раководстваа на тие земји каде правата на ЛГБТ заедницата е заштитена.

Идејата за ваква кампањата е на американскиот амбасадор во Германија, Ричард Гренел, кој отворено се претставува како хомосексуалец.

Би можело да ве интересира

Њујорк: Избрани 12 поротници за судењето на Трамп

Судењето на Трамп продолжи, една поротничка се откажа: „Се чувствувам заплашено“

Шест поротници се избрани за судењето на Доналд Трамп

Започнува судењето на Трамп, првото судење на американски претседател во историјата

Планот на Трамп за Украина ќе започне со притисок врз Москва и Киев да преговараат

Горан Наумовски

Трамп: Врховниот суд на Аризона отиде предалеку со својата одлука за абортус