САД одобри над 40 милијарди долари помош за Украина

Од:

Претставничкиот дом на американскиот Конгрес одобри над 40 милијарди долари помош за Украина, јавија странски медиуми.

Предлог законот за украинска помош е усвоен со 368 гласа „за“ и 57 „против“.

Сега предлог законот е во рацете на Сенатот, каде се очекува брза реакција, за потоа да се најде пред претседателот Џо Бајден, кој, би требало, да го потпише.

Бајден пред две недели побара од Конгресот да одобри дополнителни 33 милијарди долари помош за Украина. Пратениците одлучија да се зголеми военото и хуманитарното финансирање.

– Овој закон ќе ја заштити демократијата, ќе ја ограничи руската агресија и ќе ја засили нашата сопствена национална безбедност, а истовремено, што е и најважно, ќе ја поддржи Украина, изјави демократската претставничка Роза Де Лауро.

Бајден упати повик до Конгресот да ја забрза процедурата, со цел да може да го потпише законот.

Некои републиканци се спротивставија на законот, ги критикуваа демократите што пребрзо праќаат премногу долари од даночните обврзници во странство.

Украинската амбасадорка во САД, Оксана Маркарова апелираше за помош и до демократските и до републиканските сенатори за време на нивните состаноци.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Крвав напад со нож во САД, четворица мртви

ВИДЕО: Нов руски напад на Харков, убиено 12-годишно момче

Катерина Ѓуровски

Путин: Обвинувањата дека Русија ќе ја нападне Европа по Украина се целосна глупост

САД воведоа санкции за ентитети кои наводно им помагале на Хутите и Хезболах

Русија издаде налог за апсење на шефот на украинската служба за безбедност поради тероризам

Кремљ: Мировни преговори за Украина без учество на Русија се апсурдни