САД одбиле соработка со Русија во случајот со руските хакери, сметаат дека тие се поврзани со власта во Москва

Од:

САД одбија понуда за соработка од руските власти околу истражните дејности во случајот со руските хакери, соопшти денеска Димитриј Песков, портпарол на рускиот претседател Владимир Путин.

Властите во Вашингтон сметаат дека тие се поврзани со Федералната служба за безбедност (ФСБ) на Русија.

Како што е веќе извесно, американското Министерство за финансии синоќа објави награда од пет милиони долари за информација за локацијата на Максим Јакубец, предводник на хакерската организација „Ивл Корп“.

Тој и уште еден именуван руски хакер, Игор Турашев, се ставени на американски список на санкции и САД по нив распишаа потерница во износ од пет милиони долари, најголема награда информација за кибер криминалци досега.

-Ние традиционално сме за соработка во истраги за вакви дела, за фаќање на престапниците…но во овој случај не станува збор соработка, и тоа не е по наша вина, изјави Песков.

Тој укажа дека Русија претходно нудела соработка во областа на борбата против кибер криминалот, но тие предлози „за жал не беа слушнати и разбрани од другата страна“.

Во покренатото обвинение се вели дека Јакубец не е само предводник на „Ивл корп“, туку е и поврзан со руските власти и со ФСБ.

Американскиот Стејт департмент, во соработка со Федералното биро за истраги (ФБИ) синоќа соопшти дека се покренати обвинеија против двајцата руски хакери. Тие и уште 15 лица, шест компании и хакерската организација се ставени под санкции.

Би можело да ве интересира

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина

Студентски бунт во Америка, 100 академици уапсени во Колумбија

Додик отпатува за Русија

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Загинаа двајца полицајци во напад во Русија