САД од ноември без рестрикции за странски патувања во земјата

Од:

САД во ноември ги отвараат своите граници за патниците кои ќе покажат доказ за целосна вакцинација, јавија денеска од Администрација во Вашингтон.

Со ова, се укинуваат мерките за забрана за влез на туристи, бизнис патници и сите останати категории без американско државјанство или легално престој, воведени си цел спречување на ширењето на коронавирусот. Со олабавувањето ќе се овозможи повторно соединување на разделените семејства поради пандемијата и ќе се овозможат повторно воспоставување на бизнис врските, јави Њујорк тајмс.

Странски државјани кои ќе покажат доказ за целосна вакцинација пред да се качат на авионот ќе можат да летаат за САД, изјави денеска Џеф Зинц, координатор во Белата куќа за прашања по пандемијата.

-Меѓународните патувања се критични за поврзување на семејствата и пријателите, за развивање на малите и големите бизниси и за промоција на отворена размена на идеи и култури, рече Зинц.

Повеќе од година дена летовите од низа европски земји, Иран и Кина до САД беа забранети.

Целосно вакцинираните патници исто така ќе треба да покажат и негативен резултат од тест за коронавирус земен три денови пред патувањето за САД.

Би можело да ве интересира

САД одделно ќе гласа за помош на Украина и Израел, републиканците на Трамп се закануваат

Спектакуларно бегство на затворен од САД

САД: Очекуваме Иран да го нападне Израел

САД: Му кажавме на Иран дека не учествуваме во нападот на конзулатот во Дамаск

Невреме во југоисточниот дел на САД: Едно лице загина, повеќе од 100.000 без струја

ВИДЕО: Лидерот на култ кој уби и распарчи две деца се соочува со смртна казна

Катерина Ѓуровски