САД очекуваат порака од Иран дека сака преговори

Од:

АД очекуваат, но досега се уште не добија порака од Иран дека е подготвен да го прифати повикот на американскиот претседател Доналд Трамп за директни разговори, изјави денеска неименуван висок претставник на Белата куќа.

– Сметаме дека тие би требало да ги намалат тензиите и да пристапат на преговори, изјави претставникот, додавајќи дека во Белата куќа засега не добиле никакви назнаки дека Техеран сака да преговара, иако „дежураат покрај телефонот“.

Во време на зголемени тензии меѓу двете земји, Трамп во средата ги повика властите во Техеран на преговори за иранската нуклеарна програма и за регионални прашања.

Во меѓу време, САД распоредија дополнителни поморски сили во регионот, вклучително и носач на авиони, додека Иран стационираше ракети на бродови и на бреговите во Персискиот Залив.

Весникот „Њујорк Тајмс“ вчера објави дека за време на брифинг во Белата куќа во средата, Трамп порачал дека не сака да започне војна со Иран.

Трамп вчера при дочекот на швајцарскиот претседател Уели Маурер во Белата куќа, на новинарско прашање „дали САД ќе започнат војна со Иран“, кусо одговори: „Се надевам не“.

Би можело да ве интересира

Редфилд: Новиот советник за Ковид-19 погрешно го информира Трамп, епидемијата не е блиску до крајот

А1он

Зголемен бројот на самоубиства меѓу американските војници

Ана Ололовска

САД: Седум милиони заразени со коронавирус

А1он

Иранскиот претседател бесен: Ги обвини САД за „дивјаштво“ поради новите економски санкции

А1он

Бајден: Трамп молчи за диктаторот Лукашенко

А1он

Британија ќе чека да поминат изборите во САД, па ќе одлучи за екстрадицијата на Асанж

А1он