САД: Нови санкции против Русија поради Навални

Од:

Вашингтон подготвува нови санкции против Руската Федерација во врска со ситуацијата со опозицискиот лидер Алексеј Навални, кој се наоѓа во притвор, ја објави Си Ен Ен изјавата на советникот на претседателот на САД за национална безбедност, Џејк Саливан.

– Прво, важно е вашите гледачи да разберат дека воведовме санкции против Русија за труењето на Алексеј Навални и подготвуваме нов пакет санкции кои, исто така, ќе бидат применети во врска со тоа, истакна Саливан.

Претходно, демократите во Конгресот ја критикуваа администрацијата за неуспехот да се воведе втор, законски задолжителен пакет санкции за случајот Навални, до 2 јуни 2021 година. Демократите сметаат дека администрацијата редовно ги пропушта роковите утврдени со Законот за санкции на САД.

Саливан, исто така, додаде и дека САД ќе продолжат да воведуваат нови санкции за руските компании вклучени во проектот „Северен поток 2“.

– Прашањето е дали ќе гониме директно преку нашите овластувања за санкции, нашите европски партнери, сојузници и пријатели. Претседателот Бајден рече: Не сум подготвен да го сторам тоа, но подготвен сум да воведам санкции на секои 90 дена против руски организации вклучени во градењето на Северен поток 2. Тој го направи тоа и ќе продолжи да го прави, одговори Саливан на прашањето зошто САД ги суспендираат санкциите против европската компанија „Северен поток 2 АГ“, која го гради гасоводот.

Би можело да ве интересира

Русите спречиле терористички напад: ФСБ уапси три лица

(ВИДЕО) Нова драма во Русија: Евакуиран трговски центар по дојава за експлозивна направа

Катерина Ѓуровски

Објавена снимка од дрон од ужасот и пустошот во Москва

А1он

140 повредени во терористичкиот напад, полесно повредените добиваат амбулантска нега

А1он

Пендаровски го осуди нападот во московската концертна сала Крокус

А1он

Киев одговори на Русија: Тврдењата за наша вмешаност не заслужуваат ни критика

А1он