САД: Ненамерно убиени 1300 цивили во Ирак и Сирија

Од:

Коалицијата предводена од САД која се бори против таканаречената Исламска држава соопшти дека ненамерно убила 1.300 цивили во Ирак и Сирија од 2014 година, додека набљудувачка група со седиште во Велика Британија тврди дека тој број е десетпати поголем.

Бројот на жртвите што го наведува коалицијата е поголем од последниот пат кога објави соопштение во кое беше наведено дека се убиени 1.100 лица.

Коалицијата истражува уште 111 можни случаи на цивилни жртви.

Набљудувачката група од Велика Британија, пак, проценува дека во нападите на американската коалиција се убиени речиси 13.000 цивили.

Други групи за човекови права и набљудувачки мисии, исто така, зборуваат за многу поголем број жртви од тоа што го признава коалицијата.

Истрагата спроведена од активистите минатиот месец покажа дека повеќе од 1.600 цивили беа убиени само за време на петмесечната кампања во сирискиот град Рака во 2017 година.

Коалицијата во соопштението наведува дека извршила 34.502 воздушни напади откако почна кампања против Исламска држава пред пет години, кога оваа екстремистичка организација зазеде голем дел од територијата во Ирак и Сирија.

Како што пренесуваат светските агенции, Исламска држава наметна брутална власт над милиони луѓе и изведе и поттикна бројни смртоносни напади ширум светот.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Воздушен напад во Ирак, експлозии во база на проиранската милиција

Катерина Ѓуровски

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

Стејт департментот потврди дека ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН во Советот за безбедност

Горан Наумовски

Белата куќа се противи на палестинската државност

Џонсон: Путин ќе продолжи да маршира низ Европа, Балканот може да биде следен

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Едно лице загина откако цистерна со нафта експлодира на автопат во Алабама