САД: Нема извоз на медицински производи ако на државата и се потребни

Од:

САД ќе ги конфискуваат американските медицински производи за извоз се додека не се утврди дали на земјата и се потребни за време на борбата против коронавирусот, соопштија две федерални агенции.

Според соопштение од Царинската и граничната контрола на САД и Федералната агенција за управување со вонредни состојби, државата ќе го прекине извозот на респиратори, маски и хируршки ракавици.

Федералната агенција за управување со вонредни состојби е одговорна да процени дали наведената опрема е неопходна во САД, дали американската Влада е приоритетен купувач или стоката може да се извезува.

Минатиот петок, претседателот Трамп издаде упатство со кое бара федералните служби да ги преземат сите неопходни мерки и да ја задржат медицинската опрема доколку е потребно за американските корисници.

Би можело да ве интересира

Студентски бунт во Америка, 100 академици уапсени во Колумбија

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

Стејт департментот потврди дека ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН во Советот за безбедност

Горан Наумовски

Белата куќа се противи на палестинската државност

Џонсон: Путин ќе продолжи да маршира низ Европа, Балканот може да биде следен

Горан Наумовски