САД нарачаа 10 милиони дози од антивирусниот лек на Фајзер

Од:

САД нарача 10 милиони дози од лекот против Ковид на Фајзер, во вредност од 5,29 милијарди долари, а претседателот Џо Бајден вели дека ќе ги сподели бесплатно.

Фармацевтската компанија, која продава антивирусната вакцина во соработка со БиоНТек, на почетокот на неделава поднесе барање за итно одобрување на долгоочекуваниот лек, кој лесно се зема во домашни услови, во првите денови на симптомите во случај на зараза.

„Дури и ако агенцијата допрва треба да даде зелено светло, јас веднаш презедов чекори за да гарантирам доволни количини лекови за американското население“, рече Бајден во изјавата.

Владата ги презема „неопходните чекори за да гарантира дека лекот ќе биде лесно достапен и бесплатен“, додаде Бајден, инсистирајќи на важноста на вакцината.

Антивирусниот лек, кој ќе се продава под името Paxlovid, бил 89 отсто ефикасен во клиничките испитувања против хоспитализирање и смрт кога се земал во рок од три дена од почетокот на симптомите. Овие студии беа спроведени меѓу лица со висок ризик да развијат тешки форми на Ковид-19.

Антивирусни лекови ја намалуваат способноста на вирусот да се реплицира и на тој начин ја забавуваат болеста. Тие се клучно дополнување на вакцината против Ковид-19.

„Вакцинацијата е сè уште најважна за заштита на себе и на другите и за запирање на оваа пандемија “, наведе американскиот секретар за здравство Ксавиер Бесера во посебно соопштение. „Но, за оние кои ќе се разболат и им се закануваат тешки последици, апчињата би можеле да ги спасат од одење во болница“, додаде тој.

Нарачката на Вашингтон предвидува 10 милиони дози од лекот, а првата пратка ќе пристигне до крајот на годината и на почетокот на 2022 година.

Би можело да ве интересира

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

Стејт департментот потврди дека ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН во Советот за безбедност

Горан Наумовски

Белата куќа се противи на палестинската државност

Џонсон: Путин ќе продолжи да маршира низ Европа, Балканот може да биде следен

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Едно лице загина откако цистерна со нафта експлодира на автопат во Алабама

САД одделно ќе гласа за помош на Украина и Израел, републиканците на Трамп се закануваат