САД најавија уште 204 милиони долари помош за Ирак

Од:

САД најавија дополнителни 204 милиони долари хуманитарна помош за Ирак, што ќе биде наменета за народот на Ирак, ирачките бегалци во регионот и за земјите каде се примени бегалците, соопшти денеска американскиот Стејт департмент.

Од помошта 133 милиони долари ќе бидат од Бирото за население, бегалци и миграција на Стејт департментот, и повеќе од 71 милион долари од Бирото за хуманитарна асистенција на УСАИД.

Со овие средства, вкупниот американски хуманитарен одговор за Ирак за фискална 2019 година изнесува 706 милиони долари. Покрај тоа, САД обезбедија 49,5 милиони долари помош за справување на Ирак со Ковид-19, и повеќе од 22,7 милиони долари од фискална 2020 година, помош за над 244.000 бегалци од Сирија во Ирак.

Помошта ќе се употреби за критични засолништа, основна здравствена заштита, итна помош во храна, како и за снабдување со вода, санитетски и хигиенски сервис низ целиот Ирак. Ќе се употреби и за пристап до граѓанска документација и правен сервис, зајакнување на капацитетите на здравството и зголемен пристап до образование и други средства за живот.

САД се едни од најголемите донатори на хуманитарна помош на Ирак и на глобално ниво, и обезбедувањето на таквата помош ја сметаат за дел од својата стратегија за национална безбедност.

Би можело да ве интересира

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина

Студентски бунт во Америка, 100 академици уапсени во Колумбија

Нападната е американска воена база во Ирак

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

Најмалку пет ракети истрелани од Ирак кон американската воена база во Сирија

ВИДЕО: Воздушен напад во Ирак, експлозии во база на проиранската милиција

Катерина Ѓуровски