САД може да ги протераат сите кинески новинари, тврди уредник од Кина

Од:

Кина ќе преземе мерки за одмазда ако сите кинески новинари со седиште во Соединетите Американски Држави бидат принудени да ја напуштат земјата, изјави главниот уредник на кинеската информативна веб-страница Глобал тајмс, Ху Ксијин.

„Бидејќи американската страна не ги обновува визите на кинеските новинари, кинеската страна се подготви за најлошото сценарио дека сите кинески новинари треба да ги напуштат САД“, напиша Ху на Твитер.

Тој наведе дека кинеската страна, доколку тоа се случи, ќе се одмазди, вклучувајќи ги и американските новинари со седиште во Хонг Конг.

„Глобал тајмс“ е весник на кинеската владејачка Комунистичка партија. паг/

Би можело да ве интересира

Кина вети голема кампања против климатските промени

Ана Ололовска

Тајм: Фаучи во списокот на 100 највлијателни луѓе за 2020 година

Ана Ололовска

Американскиот долг во 2050 година е проектиран на 195 отсто од БДП-то

Ана Ололовска

„Инцидент“ со авионот на Пенс

Ана Ололовска

Трамп: Кина мора да одговара пред светот за пандемијата

А1он

Гутереш го повика светот да спречи Студена војна меѓу САД и Кина

А1он