САД коментираа за руско-кинескиот лет со стратешки бомбардери додека Бајден беше во Токио

Од:

Заедничкиот лет на руски и кинески стратешки бомбардери во Источна Азија покажува колку тесни врски имаат овие две земји, изјави висок претставник од американската администрација.

-Ова значи дека Кина изгледа е спремна на тесна соработка со Русија, вклучително и во воената сфера, изјави протеставникот, пренесија некои американски медиуми.

Додаде дека Кина не се дистанцира од Русија„ а напротив, тие воени вежби покажуваат на спремноста на Кина да помага на Русија да се заштитува на истокот додека војува на запад“.

Русија од своја страна ја поддржува Кина околу нејзините територијални спорови со соседите во Источното и Јужнокинеското Море.

Пекинг и Москва објавија за „безгранично“ партнерство неколку недели пред Русија да започне инвазија на Украина.

Кина досега не ја осуди руската воена агресија.

За време на заедничкиот руско-кинески лет на стратешките бомбардери, рускиот Ту-95 и кинескиот Xian H-6, во Јапонија се наоѓаше американскиот претседател Џо Бајден.

Тој денеска во Токио се сретна со лидерите на Австралија, Јапонија, и Индија, во рамките четиристраниот дијалог за безбедност, чија цел, меѓудругото, е и противдејствие на зголеменото влијание на Кина во регионот.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Почина еден од пилотите на рускиот воен авион кој се урна во Ставропол

Горан Наумовски

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

Стејт департментот потврди дека ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН во Советот за безбедност

Горан Наумовски

Белата куќа се противи на палестинската државност

Џонсон: Путин ќе продолжи да маршира низ Европа, Балканот може да биде следен

Горан Наумовски

Русија: Водостојот на реката Тобол достигна „опасно ниво“