САД ќе воведе специјални мерки за патниците од африканските земји погодени од ебола

Од:

Американскиот центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ) соопшти дека ќе воведе специјални мерки за патниците кои пристигнуваат од африканските земји погодени од ебола.

Почнувајќи од следната недела, патниците од Гвинеја и Конго ќе бидат пренасочени кон шест американски аеродроми каде што ЦДЦ ќе може да ги следи, објави веб-страницата „Хил“.

„Авиокомпаниите ќе собираат и испраќаат податоци за патници до Центарот за превенција и контрола на болести кои биле во Конго и Гвинеја во последните три недели“, се вели во соопштението на ЦДЦ.

Последните неколку недели се појавија неколку случаи на ебола во овие африкански земји, а не толку одамна од оваа епидемија починаа повеќе од 10.000 луѓе.

Ниту еден случај на ебола не е пријавен во САД од 2015 година.

Би можело да ве интересира

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина

Студентски бунт во Америка, 100 академици уапсени во Колумбија

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

Стејт департментот потврди дека ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН во Советот за безбедност

Горан Наумовски

Белата куќа се противи на палестинската државност