САД ќе испратат 150 војници за заедничко патролирање со турските сили во Сирија

Од:

Пентагон е подготвен да испрати околу 150 војници во североисточна Сирија за заедничко патролирање со турските сили, кои привремено ќе го укинат повлекувањето на американските сили од Сирија што американскиот претседател Доналд Трамп го нареди минатиот декември, пишува „Њујорк тајмс“.

Весникот посочува дека испраќањето нов контингент во Сирија е дел од серијата воени и дипломатски чекори што ги преземаат САД во последните неколку недели со цел намалување на растечките тензии со Турција околу американската поддршка за сириските курдски Сили за заштита на народот, кои беа сојузник на САД во борбата против Исламската држава, но Турција ги смета за терористи.

Турција се закани минатиот месец дека ќе навлезе во северозападна Сирија за да ги протера курдските сили од пограничното подрачје, преземено од Исламска држава, пренесува „Њујорк тајмс“.

Како одговор на тоа, Пентагон побрза да се вклучи во заеднички патроли со Турција во тесната тампон зона во Сирија и да ги наруши курдските акции во близина на границата, која Турција ја смета за закана.

САД во моментот имаат помалку од 1.000 војници во Сирија, кои помагаат да се уништат остатоците од Исламска држава.

Би можело да ве интересира

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

Стејт департментот потврди дека ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН во Советот за безбедност

Горан Наумовски

Белата куќа се противи на палестинската државност

Џонсон: Путин ќе продолжи да маршира низ Европа, Балканот може да биде следен

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Едно лице загина откако цистерна со нафта експлодира на автопат во Алабама

САД одделно ќе гласа за помош на Украина и Израел, републиканците на Трамп се закануваат