САД најавија нов пакет воена помош за Украина во вредност од 125 милиони долари, кој ќе вклучува ракети Стингер, артилериска муниција и системи против оклоп.
Воената помош ќе биде 10-та транша од опремата за Украина откако американскиот претседател Џозеф Бајден го потпиша амандманот за национална безбедност во април, изјави портпаролот на Белата куќа за национална безбедност Џон Кирби, пренесе Ројтерс.
Почнувајќи од август 2021 година, САД испратија 20 пакети помош во Украина преку УСАИ и 62 транши опрема обезбедена од залихите на Министерството за одбрана.