Претседателот на САД Барак Обама објави дека САД ја признаваат новата коалиција на сириската опозиција за законски претставник на сирискиот народ.
Обама истакна дека според Вашингтон, Коалицијата на сириската опозиција обединува доволен број групи и е доволно претставителна. Затоа САД ја сметаат новата група за единствен легитимен преставник на Сиријците.
– Тоа е голем чекор во меѓународните дипломатски напори да се стави крај на режимот на сирискиот претседател Башар ал Асад, рече американскиот претседател, но додаде дека несомнено признанието од страна на САД значи и голема одговорност за сириската опозиција.