Американска амбасадорка: Историјата на односите меѓу Албанија и САД е уникатна

Од:

Американската амбасадорка во Тирана Јуриј Ким изјави дека ја поддржува иницијативата „Отворен Балкан“.

– Ќе продолжиме да ги поддржуваме сите напори вклучително и Отворен Балкан на таков начин што тие ќе бидат консеквентни и ќе придонесат за интеграција на земјите од регионот во Европската унија, изјави амбасадорката.

Таа учествуваше на конференцијата на тема „Албанско-американските односи во 20 век“ на која во обраќањето оцени дека „историјата на односите меѓу Албанија и САД е уникатна“.

– Режимот на Енвер Хоџа се обиде да го отруе пријателството меѓу Албанците и Американците. Беше мрачно време, но Албанците никогаш не заборавија дека имаат пријател далеку, а Американците никогаш не заборавија дека имаат пријател овде. Потоа во 1991 година имаше нов почеток на односите и оттогаш пораките дека САД се со Албанија и Албанија со САД продолжуваат да бидат исти, рече Ким.

Сепак, додаде, 31 година по падот на комунизмот, останува уште многу да се направи.

– Ние сме во момент кога е време да донесеме одлука за иднината на Албанија. Да се каже дека демократијата функционира, посочи Ким.

Албанија и САД годинава ја одбележуваат 100 – годишнината од воспоставувањето дипломатски односи

Во рамки на планираните активности по тој повод беше и денешната конференција организирана од Институтот за политички студии.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Телото пронајдено во близина на имотот на осудениот американски адвокат ќе биде ексхумирано

Ана Ололовска

Администрацијата на Бајден е скептична за намерите на кинескиот претседател пред самитот со Путин

Ана Ололовска

САД продолжија да испраќаат шпионски летала над Црното Море

Ја убил сопругата и нејзиниот љубовник, па сакал да побегне во Босна

Горан Наумовски

Полска е првата членка на НАТО која испрати авиони во Украина, Белата куќа: Ние не испраќаме

Ана Ололовска

Медведев за соборувањето на дронот над Црното Море: Американците целосно полудеа

Ана Ололовска