САД ја осудија забраната за оддржување сенационален протест на Куба

Од:

САД ја осудија одлуката на режимот на Куба да не дозволи оддржување на мирен сенационален протест на 15 ноември, соопшти синоќа Нед Прајс, портпарол на Стејт департментот.

„Со одбивањето дозвола за овие демонстрации, режимот на Куба јасно укажува дека нема воља да ги штити човековите права и основните слободи на Кубанците“, се наведува во соопштението.

Се наведува дека забраната за протест следува откако режимот објави намера од 18 до 20 ноември да распореди војници по улиците на Куба „за да ги заплаши Кубанците и да ги поттисне претходно закажаните сенационални протести. Најновиот развој на настаните следува по репресивниот одговор на протестите на 11 јули за што сите бевме сведоци“.

„САД остануваат длабоко посветени на народот на Куба, нивните права за слободно собирање и изразување, и нивната борба за слободен избор на нивно лидерство и нивна иднина“, се вели во соопштението.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Крвав напад со нож во САД, четворица мртви

САД воведоа санкции за ентитети кои наводно им помагале на Хутите и Хезболах

САД бара од Украина да ги запре нападите врз руските рафинерии

(ВИДЕО) Пресметка меѓу мигрантите и Националната гарда на Тексас кај Ел Пасо

ВИДЕО: Американската милјардерка која со Тесла излета во езеро и се удави била пијана

Малолетник убил девојче со 114 убоди од нож, сега му се заканува доживотен затвор

Горан Наумовски