САД извршија тајна сајбер операција против Иран по нападите на 14 септември врз нафтените постројки во Саудиска Арабија, за што Вашингтон и Ријад го обвинуваат Техеран, изјавија два американски неименувани претставници.
Тие наведоа дека операцијата била извршена кон крајот на септември и дека целта на операцијата била да се намали способноста на Техеран за ширење на „пропаганда“.
Иранскиот министер за комуникации и информтички технологии Мохамад Џавад Азари-Јахроми на денешната прес-конференција запрашан за американскиот сајбер напад изјави дека (САД) „сигурно тоа го сонувале“.