САД изразуваат загриженост од ситуацијата во Белорусија

Од:

Портпаролот на Белата куќа, Кејли Мекенани, денеска изјави дека САД се длабоко загрижени од ситуацијата со изборите во Белорусија и ја повикува белоруската Влада да не спречува мирни собири и да не применува насилство спрема демонстрантите.

Претходно, загриженост поради недемократското однесување на раководството на Белорусија изрази и Велика Британија. Официјален претставник на премиерот Борис Џонсон истакна дека Лондон го смета за неприфатливо насилното растерување на демонстранти од минатат ноќ.

Во заедничка изјава на шефот на европската дипломатија, Жосеф Борел, и комесарот за проширување на ЕУ, Оливер Вархеи, се истакнува дека претседателските избори во Белорусија биле засенети од „непропорционално и неприфатливо насилство на државата врз мирните демонстранти“.

ЕУ треба да преземе мерки за да не се дозволи примена на сила од страна на властите на Белорусија, побара денеска Јацек Чапутович, министер за надворешни на Полска.

На 9 август во Белорусија се одржаа претседателски избори. Според официјалните резултати, победник е актуелниот претседател Александар Лукашенко. Но тој резултат е оспорен од опозицијата. Полицијата растеруваше протести и денеска, а опозицијата најави дека протестните акции продолжуваат.

Би можело да ве интересира

Спречен напад со дронови од територијата на Литванија врз цели во Минск

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина

Студентски бунт во Америка, 100 академици уапсени во Колумбија

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

Стејт департментот потврди дека ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН во Советот за безбедност

Горан Наумовски