САД избра прв човек за националното разузнавање на државата

Од:

Kонгресменот од Тексас, Џон Ратклиф, денеска беше потврден од Сенатот за прв човек на националното разузнавање на САД.

Но гласањето беше поделено по партиска линија, 49 сенатори гласаа „за“ а 44 „против“.

Мнозинството во Сенатот го држат републиканците.

Ратклиф треба да положи заклетва во вторник и да ја преземе функцијата од поранешниот директор Ден Коатс, кој се повлече во август.

За време на распитот за потврдување на функцијата во април, Ратклиф вети дека ќе му ја презентира на претседателот и креаторите на политика, „фактографската вистина“, независно што сакаат да слушнат.

Сенатските демократи го критикува Ратклиф и изразија резервираност дали конгресменот од Тексас ќе може да ја остави настрана својата партиска реторика.

Една од главните грижи на демократите е како Ратклиф ќе се справи со заканите на ноемвриските претседателски избори во однос на „вмешаноста“ на Русија врз исходот на истите.

Би можело да ве интересира

Џо Бајден ја коментираше состојбата во САД и даде предизборно ветување

А1он

Ко-основачот на Редит се повлече и бара да биде заменет со Афроамериканец

А1он

Закажан голем протест во САД против расната сегрегација

А1он

Невработеноста во САД падна на 13,3 проценти

А1он

Активисти за човекови поднесоа тужба против Трамп

Ана Ололовска

Захарова: Резултатите на американската политика на Блискиот Исток се смрт и урнатини

Ана Ололовска