САД испраќаат околу илјада војници на Блискиот Исток поради „иранската закана“

Од:

САД ќе испратат околу илјада војници и воена опрема на Блискиот Исток како одговор на „заканата“ од Иран, изјавија синоќа од Пентагон.

-Одобрив префрлање на околу илјада војници за одбранбени цели поврзани со закани од воздух, море и копно на Блискиот исток, изјави Патрик Шанахан, вршител на должноста министер за одбрана на САД.

Според него, Вашингтон не оди во конфликт со Иран. Мерката е во прилог на безбедноста на веќе присутните воени служби и заштита на националните интереси на САД во регионот. Министерот изјави дека САД вршат мониторинг на теренот и можат да донесат одлука за раширување на военото присуство зависно од разузнавачките извештаи и кредибилните закани.

Како што е веќе познато, на 13 јули во Оманскиот Залив се случија експлозии на два нафтени танкера, јапонски и норвешки. Според извори од ирански и арабски медиуми танкерите биле нападнати во близина на Ормускиот теснец. Сите 44 морнари на тие пловила се евакуирани од ирански итни служби и префрлени во пристаништето Џаск, лоцирано на територија на Иран.

Одговорноста за експлозиите САД ја префрлаат на Иран, а Техеран ги отфрла обвинувањата.

Иран се наоѓа под строги санкции наметнати од САД откако Вашингтон истапи од Заедничкиот продлабочен план (ЈЦПОА), или таканаречаниот нуклеарен договор склучен меѓу Иран и петте постојани членки на ОН плус Германија.

Експертите сметаат дека САД и Иран влегуваат во конфликт, посебно по вчерашното соопштение од иранско официјално лице дека Техеран ќе ги намали обврските кон ЈЦПОА и ќе почне збогатување на ураниум за изградба на атомска бомба.

Би можело да ве интересира

Студентски бунт во Америка, 100 академици уапсени во Колумбија

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

Стејт департментот потврди дека ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН во Советот за безбедност

Горан Наумовски

Белата куќа се противи на палестинската државност

Џонсон: Путин ќе продолжи да маршира низ Европа, Балканот може да биде следен

Горан Наумовски