САД имаат план за помош на Венецуела после заминувањето на Мадуро

Од:

САД со регионални партнери работат на план за помош на пост-режимска Венецуала откако Николас Мадуро ќе биде отстранет од власта.

Крег Фолер, раководител на Јужната команда на вооружените сили на САД за весникот „Ел Нуево Хералд“ што се издава заедно со „Мајами Хералд“, изјави дека сојузниците на САД работат на заеднички план за помош.

Тој истакна дека „денот после Мадуро“ ќе биде тој ден кога законската власт на Венецуела во ликот на опозицискиот лидер Хуан Гуаидо, а не власта на Мадуро, ќе побара помош од САД и другите земји.

Во меѓувреме, Мадуро подготвува светска акција на мирен протест против американскиот претседател Доналд Трамп.

Тој ги повика сите земји да земат учество во акцијата наречена „Патриотски пол“ која треба да се одржи на 10 август, давајќи поддршка на „повикот на венецуелските граѓани на илјадници протести насекад низ светот и по социјалниот мрежи, нека сите ја дознаат вистината“.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Крвав напад со нож во САД, четворица мртви

САД воведоа санкции за ентитети кои наводно им помагале на Хутите и Хезболах

САД бара од Украина да ги запре нападите врз руските рафинерии

(ВИДЕО) Пресметка меѓу мигрантите и Националната гарда на Тексас кај Ел Пасо

ВИДЕО: Американската милјардерка која со Тесла излета во езеро и се удави била пијана

Малолетник убил девојче со 114 убоди од нож, сега му се заканува доживотен затвор

Горан Наумовски