САД и вратија на Јужна Кореја контрола врз 12 воени објекти

Од:

Американската војска во Јужна Кореја се договори со властите да им ја поврати контролата врз катастарски парецили во 11 американски воени бази низ земјата и уште две парцели од базата Јонгсан во Сеул.

Американската армија во Јужна Кореја во декември минатата година на Сеул му врати четири воени бази што веќе не ги користеше и тогаш соопшти дека е подготвена да врати уште 13 такви парцели.

Одлуката за конечниот трансфер на базите беше донесена за време на состанокот на Мешовитиот комитет за договор за статусот на силите. (Status of forces agreement, SOFA).

Сеул и Вашингтон се согласија да ги вратат воените објекти, но досега не беа во можност да ги надминат разликите околу тоа кој и како ќе ги сноси трошоците за чистење на животната средина. Двете земји се согласија да продолжат со консултациите за постапката за деактивирање, чистење на животната средина, критериумите за управување и други отворени прашања. Чистењето на четирите бази, кои беа претхадно вратени, може да трае две години и да чини 921 милиони долари.

Јужна Кореја за првпат воспоставува контрола врз објектите во базата Јонгсан, а според плановите, територијата на оваа досегашна американска воена база ќе се претвори во парк.

Враќањето на американските воени бази под јужнокорејска контрола е во согласност со Програмата за стационарно партнерство од 2002 година, Програмата за раселување на Јонсон од 2004 година и Договорот за статусот на силите (СОФА).

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Крвав напад со нож во САД, четворица мртви

САД воведоа санкции за ентитети кои наводно им помагале на Хутите и Хезболах

САД бара од Украина да ги запре нападите врз руските рафинерии

(ВИДЕО) Пресметка меѓу мигрантите и Националната гарда на Тексас кај Ел Пасо

ВИДЕО: Американската милјардерка која со Тесла излета во езеро и се удави била пијана

Малолетник убил девојче со 114 убоди од нож, сега му се заканува доживотен затвор

Горан Наумовски