САД и Велика Британија се подготвени за нови односи со Иран по изборот на Рохани за претседател

Од:

Претседателот на САД, Барак Обама, во интервјуза телевизијата ПБС, изјави дека гледа позитивни знаци во изборот на Хасан Рохани за претседател на Иран, пренесоа француските медиуми.

Обама, меѓутоа, ја исклучи можноста за укинување на санкциите за Техеран.

-Мислам дека изборот на Рохани за претседател ја изразува волјата на иранскиот народ да напредува во друг правец. Во Иран има јасна желба за соработка со меѓународната заедница на еден попозитивен начин, рече Обама.

„Рохани сведочи за интересот за промена на приодот на Иран за многу прашања од меѓународно значење. Мислам дека е можно Иранците да одлучат да го прифатат нашиот предлог за да воспоставиме посериозни и посуштински односи“, дополни Обама.

Во врска со санкциите, меѓутоа, тој подвлече дека тие нема да бидат симнати без значајни мерки, кои на меѓународната заедница ќе и покажат дека Иран не се обидува да се здобие со нуклеарно оружје.

Велика Британија го повика новиот ирански претседател Хасан Рохани да воспостави нови врски со меѓународната заедница, пренесоа француските медиуми цитирајќи го британскиот министер за надворешни работи Вилијам Хејг.

-Британската влада се надева дека по изборот на Рохани иранската влада ќе го искористи поводот за да воспостави нови односи со меѓународната заедница, и да направи се што е можно за надминување на иранското нуклеарно прашање по патот на преговори, рече Хејг.

„Ако Иран е подготвен да го направи овој избор, ние сме подготвени да возвратиме со добра волја“, подвлече тој и го предупреди Иран дека меѓународната заедница е одлучна да не дозволи распространување на нуклеарното оружје на Блискиот исток.

Би можело да ве интересира

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

(ВИДЕО) Иранската државна телевизија IRIB ги минимизираше извештаите за израелскиот напад

Иран: Немаше ракетен напад, соборивме израелски беспилотни летала

Горан Наумовски

ABC News: Израелски проектили погодија локација во Иран

Стејт департментот потврди дека ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН во Советот за безбедност

Горан Наумовски

Белата куќа се противи на палестинската државност