САД и нивните сојузници замрзнаа 330 милијарди долари од почетокот на руската инвазија врз Украина

Од:

САД и нивните сојузници блокираа или замрзнаа повеќе од 330 милијарди долари руски средства од почетокот на инвазијата на Русија врз Украина, соопшти американското Министерство за финансии.

dobivaj vesti na viber

Западните сојузници блокираа 30 милијарди долари имот на руски олигарси и „замрзнаа“ околу 300 милијарди долари на Руската централна банка. Освен тоа, запленети се најмалку пет луксузни јахти и недвижности што припаѓаат или се под контрола на руски државјани под санкции, тоа го соопшти работната група Репо, формирана на 17 март со цел да се засили економскиот притисок врз Русија.

Составена е од висок и членови на Министерството за финансии и правда на САД, Австралија, Франција, Канада, Германија, Јапонија, Италија, Велика Британија и ЕК.

Би можело да ве интересира

Во Украина задутре тристрана средба Зеленски-Гутереш-Ердоган

Емануел Макрон повика на повлекување на руските сили од нуклеарната централа Запорожје

Русија: Украинци дигнаа во воздух шест столбови на високонапонски далноводи на нуклеарката Курск

Москва тврди дека експлозиите на Крим се саботажа

Горан Наумовски

Експлозиите на Крим се саботажа,тврди Москва

А1он

Путин: САД се виновни за продолжувањето на конфликтот во Украина

А1он