САД и Канада со нови санкции кон Русија поради анексијата на Крим

Од:

Министерството за фаинансии на САД синоќа објави обновен список санкции кон Русија, а во меѓувреме тоа го стори и Министерството за надворешни работи на Канада.

Во списокот се додадени осум физички лица и една транспортна компанија, која работи на патничкот и железнички превоз од Москва и Санкт Петербург до Крим.

Физичките лица се официјални личности од политичкото раководство на Крим и Севастопољ, како премиерот на Крим, претседателот на општинското собрание на Севастопољ, членот на Сенатот во руската Дума од Севастопол, претседателот на градската изборна комисија и други.

Како што соопштија од Управата за контрола на странски капитал при Министерството за финансии (ОФАК), мерките се преземени „во одговор на продолжителната агресија на Русија во однос на Украина и обидот да се окупира Крим“.

-Овие акции се преземаат во тесна координација со сојузниците и партнери, и ја потврдуваат нашата убеденост во спроведување слободни и фер демократски политички процеси на Крим, изјави раководителот на американските финансии, Стивен Мнучин.

Во меѓувреме, Министерството за надворшни работи на Канада објави нови санкции кон шест физички лица, поврзани со изминатите избори на Крим во 2019 година.

-Санкциите демонстрираат дека Канада и нејзините сојузници се обединети во својата осуда на анeксијата на Крим од страна на Русија, и спроведeните изборите таму лани есента, изјави канадскиот министер за надворешни работи.

Би можело да ве интересира

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина

Студентски бунт во Америка, 100 академици уапсени во Колумбија

Додик отпатува за Русија

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Загинаа двајца полицајци во напад во Русија