САД и Израел заеднички развиваат ласерски систем за против-воздушна одбрана

Од:

Американскиот производител на оружје Локхид Мартин и израелската безбедносна компанија Рафаел објавија дека заеднички ќе развијат високоенергетски ласерски систем кој ќе служи во противвоздушната одбрана.

Системот ќе се базира на „Челичен сноп“, ласерски противракетен систем што Рафаел го развива со израелското Министерство за одбрана. „Челичниот сноп“ оваа година помина низ низа успешни тестови и се очекува да биде во оптек во текот на оваа деценија.

Заедничкиот производ ќе биде наменет за американскиот и за други пазари.

Развојот, тестирањето и производството ќе бидат направени и во САД и во Израел, соопштија двајцата производители, пренесува Бета.

Оперативниот менаџер на Lockhear Френк Ст. Џон рече дека договорот ќе им помогне на клиентите „да останат пред своите ривали“. Тој, исто така, рече дека му е чест што е во истиот „безбедносен тим“ со Израел.

Рафаел, израелска државна компанија, го дизајнираше „Челичниот сноп“ за да го надополни опсегот на системи за противвоздушна одбрана што ги користи Израел, вклучувајќи го и високоефикасниот, но многу скап противракетен систем „Челична купола“.

Ова е дел од повеќеслојниот одбранбен систем што Израел го развива на копно, во воздух и на море за да се одбрани од се што го напаѓа од воздух, од сурови проектили со краток дострел до наведувани ракети со долг дострел што ги поседува неговиот непријатели.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Студентски бунт во Америка, 100 академици уапсени во Колумбија

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

ВИДЕО: Над 300 тела пронајдени во масовна гробница кај болница во Газа

Израелската полиција уапсила две лица кои со своето возило налетале на тројца пешаци

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

Иран: Немаше ракетен напад, соборивме израелски беспилотни летала

Горан Наумовски