САД го обвинија шефот на Обединетите нации: Очигледно потпадна по рускиот притисок

Од:

САД го обвинија генералниот секретар на Обединети нации, Антонио Гутереш дека „очигледно попуштил пред руските закани“ и оти не испратил официјални лица во Украина за да ги проверат беспилотните летала што ги користи Русија, за кои Вашингтон тврди дека се од Иран.

Велика Британија, Франција, Германија, САД и Украина истакна дека со испораката на беспилотни летала од иранско производство во Русија се прекршува резолуцијата на Советот за безбедност на ОН од 2015 година односно иранскиот нуклеарен договор. Тие очекуваат Гутереш да испрати официјални лица во Киев за да го истражат проблемот.

– Жалиме што ОН не започнаа нормална истрага за тоа прекршување, изјави заменик американскиот амбасадор во ОН Роберт Вуд на вчерашниот состанок на Советот за безбедност за резолуцијата за иранскиот нуклеарен договор од 2015 година.

Минатиот месец Гутереш изјави дека претставниците на ОН ги испитуваат достапните информации и дека сите наоди ќе им бидат достапни на властите во догледно време.

Русија негира дека нејзините сили користат ирански беспилотни летала во Украина и тврди дека претставниците на ОН немаат мандат во Киев да го истражуваат потеклото на беспилотните летала.

Додека Иран претходно призна дека ја снабдувал Москва со беспилотни летала, посочувајќи, дека тие биле доставени пред Русија да ја нападне Украина.

Би можело да ве интересира

Путин: Го почитуваме планот на Кина за Украина, ќе го разгледаме

Америка и испраќа на Украина нов пакет помош во оружје и опрема, вреден 350 милиони долари

Македонските „Сухои“ донирани на Украина, ама корист само за резервни делови

Горан Наумовски

Членките на ЕУ планираат да достават еден милион артилериски гранати во Украина

Путин го поздрави кинескиот план за Украина

Украина очекува Кина да го искористи своето влијание врз Русија за да стави крај на војната