САД го обвинија Иран дека и пркоси на резолуцијата на СБ на ОН од 2015 година

Од:

Соединетите американски држави го обвинија официјален Техеран за пркосење на резолуцијата на ОН од 2015 година, бидејќи минатиот месец лансира сателит и затоа што го прекрушува ембаргото на ОН за трговија со оружје, соопштија американските медиуми.

Обвинувањата ги искажа американската делегација во ОН на неформалниот состанок на експертите од комитетот за имплементација на резолуцијата од 2015 година.

Тензиите меѓу Вашингтон и Техеран ескалираа кога администрацијата на Трамп во 2018 година унилатерално се повлече од иранскиот нуклеарен договор со шестте светски нуклеарни сили од 2015 година и повторно воведе разурнувачки санкции кон Иран.

САД минатата година на Блискиот Исток испратија илјадници воени сили, бомбардери со долг дострел и еден носач на авиони, затоа што, како што соопшти официјален Вашингтон, се зголемуваат заканите од ирански напади врз американски интереси во регионот.

Состанокот, што вчера го свикаа САД, непосредно по кратката посета на американскиот државен секретар Мајк Помпео на Израел, се толкува како континуиран американско-израелски притисок врз Иран да престане да се меша во регионалните прашања и да ја прекине својата нуклеарна програма.

На состанокот, американската делегација го обвини Техеран за кршење на ембаргото за вооружување, затоа што продолжува да ги вооружува терористичките групи во Јемен, Либан, Сирија, Ирак и Бахреин.

Би можело да ве интересира

„Тешка“ средба меѓу дипломатите на ЕУ и Иран за нуклеарната програма пред враќањето на Трамп

Рјабков: Русија ќе го натера Вашингтон да стресе и да замолчи

Америка потврди: Им дадовме зелено светло, можат да нападнат

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски