САД ги укинаа санкциите кон Судан воведени пред 20 години

Од:

САД ги укинаа економските санкции кои се воведени против Судан пред 20 години, благодарејќи на напредокот кој таа земја го оствари во борбата за човекови права и против тероризмот.

Со ваквиот потег американскиот претседател Доналд Трамп го укина трговското ембарго на САД и другите санкции кои ефикасно го оддалечија Судан од големиот дел на светскиот финансиски систем.

Сепак, според високи американски претставници, Судан ќе остане на американската листа на држави кои го финансираат тероризмот, заедно со Иран и Сирија, што подразбира забрана за продажба на оружје и ограничување на американската помош.

Суданските официјални претставници, кои зборуваа под услови на анонимност, исто така, и понатаму се под одредени санкции поради кршење на човековите права за време на конфликтот во Дарфур.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

САД воведоа нови санкции против Русија