САД ги поздравуваат чекорите преземени од Турција и Ерменија за нормализирање на односите

Од:

САД денеска ги поздравија иницијативите на Турција и Ерменија за почеток на разговори за чекори за нормализирање на односите, јави Анадолија.

„Ги поздравуваме и силно ги поддржуваме изјавите на турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу и на ерменското Министерство за надворешни работи за назначувањето на специјални пратеници кои ќе разговараат за процесот на нормализација“, напиша на Твитер американскиот државен секретар Ентони Блинкен.

Турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу во понеделникот рече дека Анкара и Ереван наскоро ќе назначат специјални претставници за да разговараат за чекорите за нормализирање на односите.

Подоцна, Вахан Хунанјан, портпарол на ерменското Министерство за надворешни работи, ја поздрави најавата на турскиот министер за надворешни работи.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Турција, кај Анталија се тресеше со јачина од 4,8 степени

Катерина Ѓуровски

Ерменија бара повлекување на руската војска од аеродромот во Ереван

Силен земјотрес ја погоди Турција

Ерменија: Не сакаме во НАТО

ВИДЕО: Полета првиот турски борбен авион од 5-та генерација

Силен земјотрес ја погоди Турција

Горан Наумовски